АЛДО КЛИМАН: КУТРО „ТАЧЕ“

Лажниот „премиер“ на лажната „влада“, анационалниот микроорганизам, кутро „Таче“, свечено изјави дека решил енергично да го порази национализмот, и тоа преку борба против непријателската „националистичка пропаганда“. И тоа ќе го сторел заедно со бугарскиот премиер Петков.

Ок, глупоста отсекогаш им припаѓала на глупавите, па кој може и на овој недоквакан дилетантски „политичар“ да му забрани од длабочината на својот аналфабетизам да треска такви бесмислици. Политичката филозофија е сериозна наука, нешто што се проучува и нешто што треба вистински да се знае, а не туку така идиотски да се верува оти си станал политички филозоф и вистински политичар само затоа што мангупски си ја узурпирал власта, и едноставно си го презел сталино-фашистичкиот диктаторски терк на оној што те истресол на северџанскиот политички пазар од своите валакни ѕиври, сељачиштето Зоран Заев.

За да поразиш нешто, најнапред тоа нешто треба добро да го запознаеш и да го разбереш, и да ги сфатиш ПРИЧИНИТЕ и ПОСЛЕДИЦИТЕ на појавата што сакаш „да ја поразиш“. Но скудниот и лажен „Таче“ едноставно во врска со тоа апсолутно ништо не знае и не разбира, па си вообразува дека има демиуршка моќ да „поразува национализми“, и наоколу се расфрлува со пцовисаниот муртински заевски „лажен космополитизам“, сега во ново-идиотско издание.

Е кутро „Таче“, низ историјата националистичките движења и национализмите се појавувале како неминовен отпор и биле директна ПОСЛЕДИЦА на големодржавните шовинизми и поробувања на помалите народи. Големодржавните шовинизми, кутро „Таче“, секогаш биле вистинската ПРИЧИНА за појава на националистичките движења и на национализмите.

Сите национализми низ историјата, сѐ до ден денес, кутро „Таче“, биле основа и за уривање на колонијализмот низ светот и за создавање на слободни, суверени национални држави. Врз основа на македонското национално-ослободително движење, врз основа на македонскиот национализам, како впрочем и кај сите народи низ Европа и низ светот, во втората половина на XIX и во првата половина на XX век, кутро „Таче“, се одвивала и нашата вековна борба за создавање на самостојна, слободна и суверена држава, Република Македонија.

Национализмот како поим, кој ни е оставен во „наследство“ како некаков застрашувачки „бауч“, е само реликт на големите апсолутистички мултинационални царства од XIX и соцреалистичките мултинационални творби од XX век.

Големодржавните национал-шовинизми, кутро „Таче“, смртно се плашат од национализмите на народите што ги држат во ропство или сакаат да ги поробат, зашто пред нивните сурови големодржавни окупаторски шовинизми, омрази и насилства.

Национализмот е единственото вистинско и најздраво политичко засолниште и јадро околу кое се собира и се концентрира сета национална енергија на секој поробен и потиснат или загрозен народ, како што тоа сега е случајот со македонскиот народ.

Безочно сардисан од дивјачкиот атак на големоалбанските, големогрчките и големобугарските шовинистички, освојувачки политики, поддржани од големоевропските и глобалостичките неоколонијалистички центри на моќ, што расипано ни мавтаат пред очи со своите лажно-космополитиски пароли и знамиња.

Кутро „Таче“ има „генијална идеја“: заедно со бугарскиот премиер Петков во Македонија да ги порази национализмот и „националистичката пропаганда“.

Прво, кутро „Таче“ и големобугарскиот му компањон Петков сметаат дека слободата на мислењето и изразувањето на своите национално-политички ставови во македонската политичка и во поширока македонска општествена јавност се „националистичка пропаганда“ и тоа сакаат да го поразат.

А се знае како тоа се прави: само треба да ги преземат и да ги практикуваат темелните Гебелсови наци-фашистички упатства за терор над слободата на мислењето, т.е.

на Слободата воопшто.

Впрочем, тој наци-фашистички, или, ако сакате, сталино-фашистички ултра-цензорски концепт, веќе е вграден во заевско-големобугарскиот Договор за гробнососедство, кој предвидува формирање на комисии за надзор и сузбивање на тнр. „говор на омраза“ во Македонија, па само е потребно кутро „Таче“ тоа сега уредно да го спроведе, а тој, очигледно, решил токму така и да постапи.

Второ, кутро „Таче“ не само што нема да успее да го потисне и да го победи македонскиот национализам, туку со својата плитка анационална и антидржавна, велепредавничка политика, наследена од квислингот Заев.

Само уште повеќе ќе го засили и ќе го разгори, а така ќе биде сѐ додека македонскиот народ дефинитивно не го порази тоа невидено велепредавничко и квислиншко лудило, и не ја исправи својата национална кичма пред монструозните големобугарски, големогрчки, големоалбански и ини шовинизми.

Македонски народе, само со силно разгорување на нашиот национален дух, само со разгорувањето на нашиот здрав и освестен македонски национализам.

Како одговор на острвените шовинистички чудовишта. Што безочно и на најсуров начин ни се наднесоа над националната судбина и над нашата опстојност како народ,

можеме да го зачуваме

своето национално македонско Јас, своето македонско национално Име, својот мајчин македонски Јазик, и својата единствена Држава, Република Македонија.

Кутро „Таче“, оди си на време, додека со својот дилетантизам и веќе посведочената тешка политичка глупост, под себе не си направил уште поголем лизгав бербат, па макар и само со своите надувани лажно-космополитски, велепредавнички изјави, кои ги есапат за „добри“ само оние што го есапеа за „добар“ и „татко ти“ Заев, па сега и тебе те есапат само за уште една ординарна балканска будала што на дланка им ја подарува нашата национална судбина за да можат со нас да прават што сакаат.

Долу големодржавните освојувачки и ништителски големобугарскиот, големогрчкиот и големоалбанскиот шовено-фашизам!

Да живее освестениот ослободителен македонски национализам!

Да живее во слобода македонскиот народ!

Да живее и слободно да цути и да пее преубавиот македонски јазик!

Да живее слободна Република Македонија!

Пишува Алдо Климан