Александар Македонски

Александар ТРЕТИ  Македонски e роден во Пела, Македонија на 20/21 јули 356 п.н.е., a умрел во  Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.

Александар Македонски

Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција.Александар ја имал и среќата да стане ученик на еден од најголемите филозофи во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш имал околу четириесет години и сѐ уште бил далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. По смртта на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија.

Александар Македонски

Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, подоцна првиот ќе стане генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа.

Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика.

Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци.

Александар Македонски

На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, може да се препише и неговото големо интересирање за природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.