Андреја Чипов

Андреја Чипов е роден 1904 година во леринското село Пателе (денес Агиос Пантелејмонас), во Егејскиот дел на Македонија. Во текот на дваесеттите години на XX век. Пателе станува центар на Комунистичката партија на Грција (КПГ) во Егејскиот дел на Македонија. Која активно ќе содејствува во подготвителните работи за организирање на ВМРО-Обединета.

“Конференција на малцинствата“

Во јуни 1933 година по директива на ЦК КПГ во Солун е организирана т.н. “Конференција на малцинствата“. Втората конференција е одржана во Бер, а по три месеци одржана е трета конференција во Солун со претставници од сите околии на Егејскиот дел на Македонија.

По одржувањето на V конгрес на КПГ, во март 1934 година. свикана конференција во Воден за основање на ВМРО (Обединета). На конференцијата присуствуваат делегати од Воден, Костур и Ениџевардарско. Во раководството на ВМРО-Обединета за Егејскиот дел на Македонија влегуваат:

Алеко Тенекеџиев, Михаил Кљонев и Христо Галабов на чело со Андреја Чипов.

“Македонец“

Во 1935 година, Андреја Чипов учествува на Седмиот конгрес на Комунистичката Интернационала во Москва. А на последните предвоени парламентарни избори на 31 јануари 1936 година. Чипов бил избран и за пратеник во грчкиот парламент. Тој е еден од 15-те пратеници на листата на КПГ. Според негово кажување, на избирачките списоци крај неговото име во графата занимање пишувало “Македонец“.

Село Пателе – Леринско – Преспанско

Тоа ќе го поттикне раководството на ВМРО-Обединета на чело со Чипов да истакнат повеќе барања за национално-културни права, како што се: отворање на македонски училишта и за употреба на мајчиниот Македонски јазик во секојдневниот живот.

Овие барања на ВМРО-Обединета тогаш биле поддржани од раководството на КПГ. Андреја Чипов како пратеник од листата на ГКП, ќе издејствува овие барања да се изнесат пред грчките парламентарци.

Во овој период, раздвижувањето на прогресивните маси ќе ја уплаши грчката владеачка елита, а излезот Атина ќе го побара со воведување на диктатура. Во почетокот на август 1936 година, генералот Метаксас прогласува вонредна состојба, го распушта парламентот, го суспендира Уставот и заведува диктатура.

Новиот режим ја става вон закон КПГ и почнува со масовни прогони. Апсења и интернирања на функционери и активисти на КПГ и на ВМРО-Обединета. Меѓу прогонетите биле Андреја Чипов, Лазо Трповски, Христо Галабов, Трифун Хаџијанев, Алеко Тенекеџиев, Фоти Урумов, Коста Думов и други. Со тоа е обезглавена и разбиена ВМРО-Обединета во Егејскиот дел на Македонија, која за време на своето кусотрајно постоење придонесе за поврзувањето и активирањето на Македонците во борбата за социјални и национални права.

ВМРО-Обединета

Диктаторскиот режим со крајна бруталност ги прогонува Македонците, интернирајќи ги на островите и изрекувајќи им тешки казни и глоби. Истата година, новиот режим го апси Андреја Чипов и го затвара во озогласениот логор на Пелопонез, Акронавплија. Таму ќе остане до 1941 година, а во меѓувреме затворените комунисти ќе го изберат за секретар на партискиот комитет. Во хаосот што настанува за време на инвазијата на нацистичка Германија и нејзините сојузници врз Грција во април 1941 година. Голем број од уапсените комунисти успеваат да избегаат од затворите, но не и генералниот секретар на КПГ Никос Захариадис. Германците го интернираат Захариадис во концентрациониот логор Дахау крај Минхен, од каде се враќа назад во Грција дури во 1945 година.

Во меѓувреме, набрзо по окупацијата, на 29 јуни 1941 година, Андреја Чипов е ослободен, заедно со уште 26 други затвореници-комунисти. По излегувањето од затвор. Чипов се зафаќа со реорганизирање на десеткуваната КПГ. На почетокот на јули 1941 година во Атина, подоцна наречен Шести пленум на ЦК КПГ, се формира “Нов централен комитет“. Во согласност со одлуките на партиското раководство во Акронавплија, Чипов е избран за генерален секретар на КПГ. На овој состанок се издава директива за вооружен отпор против германските, италијанските и бугарските окупатори.

Два месеци по нападот на Германија над Советскиот Сојуз, КПГ и бројни помали политички партии како “Земјоделската партија“ и други. На 27 септември 1941 година формираат “народно ослободителен фронт“ (`Ethniko Apelevtherotiko Metepo` – ЕАМ) кој се претвора до крајот на војната во најмоќната политичка сила во Грција.

Во овој период антифашистичкиот отпор ќе го раководат Македонецот Андреја Чипов и Јоргос Сиантос. Оваа промена значајно ќе се одрази на курсот на КПГ. На чело на партијата Андреја Чипов останува до јануари 1942 година кога е одржан Осмиот пленум на ЦК на КПГ.

На Осмиот пленум на ЦК на КПГ за генерален секретар е назначен Јоргос Сиантос, а Андреја Чипов е избран во Политбирото на КПГ и е поставен за секретар на Обласниот комитет на КПГ за Пелопонез. За многумина, причините поради кои е сменет од функцијата се двојни, односно едната е етничкото потекло на Андреја Чипов како Македонец и втората својството на секретар на ВМРО-Обединета.

Всушност, како што кажуваат:

“стоењето на Македонец на чело на КПГ можеше да има негативно политичко влијание врз грчкиот народ поради неговата позната чувствителност за националното прашање, уште повеќе во периодот на национално-ослободителната борба…“

Андреја Чипов и покрај сите непријатности, тешкотии и опасности, останува со КПГ во најтешките и најопасните моменти од нејзиното постоење. Набргу, Андреја Чипов станува еден од раководителите на ЕЛАС.На 16 февруари 1942 година како вооружено крило на ЕАМ се формира “Националната народно-ослободителна армија“ – EЛАС (`Ethnikos Laikos Apelevtherotikos Stratos`). Со неа командува Арис Велухиотис. Кој е исклучително способен и создава народна армија. Која кон крајот на војната има 180.000 лица под оружје и практично ја контролира цела Грција.

Но, и покрај општите победи во партизанската борба, грчката Комунистичката партија стравува од радикалната политика на ЕЛАС и на нејзиното раководство – Арис Велухиотис, Стефанос Сарафис и Андреја Чипов, бидејќи таа крие опасност да се загуби воената поддршка на Велика Британија, ако трендот на лево ориентирани кон Советскиот Сојуз добие трајни белези.

За време на Граѓанската војна, Андреја Чипов е активен во Народно ослободителниот фронт. По поразот на Демократската армија на Грција пребегнува преку границата во Битола. Овде живее до 1956 година, кога умира.

Извор: ВМРО