Наташа Котлар: АСИМЕТРИЧНИТЕ МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ОДНОСИ 2017-2022 МОРА ДА ИМААТ НОВ ПОЧЕТОК СО МИРОВНАТА СПОГОДБА ОД ПАРИЗ ВО 1947 ГОДИНА!

Македонија како правен наследник на ДФ/СФР Југославија треба веднаш да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија од Париз, 1947 година.

За да може во иднина ја издигне својата преговарачка позиција антифашистички победник, во какви било преговори и договори и за да може да ги штити човековите права на македонското малцинство во регионот, па и во Бугарија.

Пишува проф.д-р Наташа Котлар

Правејќи кратка ретроспектива на македонско-бугарските односи низ призмата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 1 август 2017 година.

После нецели четири години од неговото потпишување, останува впечатокот, дека тоа е документ со крајно асиметрична содржина, во корист на бугарската страна.

Во поединечните одредби на истиот, суптилно се проблематизира постоењето на Македонскиот народ и неговата (посебна) историја. Македонскиот јазик, културата, битот и образованието – Македонскиот идентитет.

правото на самоопределување и интегритет на Македонскиот народ

Со ова, сериозно се засегнати нормите на меѓународното право (ius cogens) – правото на самоопределување и интегритет на Македонскиот народ, правото на правна и суверена еднаквост, правото на немешање во строга внатрешна надлежност, правото на недискриминација на државите. Правото на заштитата на основните човекови поединечни и колективни права и слични права. Оваа идејност, пак, се провлекува од поодамна, уште во потпишаната Декларацијата за соработка (1999) од поранешните премиери Љубчо Георгиевски (РМ) и Иван Костов (РБ).

Синтагмите “зедничка историја“ и “македонски јазик според Уставот“

Синтагмите “зедничка историја“ и “македонски јазик според Уставот“, како и откажување од Македонското малцинство во Бугарија, без нималку разумна и критичка размисла датираат од тогаш.

Овој своевремен компромис уште тогаш има толку недостатоци што и тогашниот германски амбасадор во Скопје – Клаус Шрамајер го опишува како “премачкување со туткал на различните сфаќања“.

За да биде иронијата уште поголема, во сите последователни документи на Договорот за добрососедство (2017), прокламирани од бугарска страна (декларација, рамка, меморандум и сл.)

Со “национална“ или “објаснувачка“ содржина до земјите на ЕУ, се инсистира на именско, историско и идентитетско редефинирање на Македонскиот народ. И покрај сета апсурдност, Бугарија успеа овој наратив да го наложи како услов за интеграција на Република С. Македонија во Европската Унија, која пак инсистира на “конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и проблеми меѓу партнерите чиј корен лежи во наследството од минатото“!?

Синтагмите “зедничка историја“ и “македонски јазик според Уставот“

Синтагмите “зедничка историја“ и “македонски јазик според Уставот“, како и откажување од Македонското малцинство во Бугарија, без нималку разумна и критичка размисла датираат од тогаш.

Овој своевремен компромис уште тогаш има толку недостатоци што и тогашниот германски амбасадор во Скопје – Клаус Шрамајер го опишува како “премачкување со туткал на различните сфаќања“.

За да биде иронијата уште поголема, во сите последователни документи на Договорот за добрососедство (2017), прокламирани од бугарска страна (декларација, рамка, меморандум и сл.). Со “национална“ или “објаснувачка“ содржина до земјите на ЕУ. Се инсистира на именско, историско и идентитетско редефинирање на Македонскиот народ.

И покрај сета апсурдност, Бугарија успеа овој наратив да го наложи како услов за интеграција на Република С. Македонија во Европската Унија, која пак инсистира на “конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и проблеми меѓу партнерите чиј корен лежи во наследството од минатото“!?

Во еден ваков надворешно-политички амбиент, неодамна се случија, посетата на актуелниот бугарски премиер на Скопје и неговите разговори со претставниците на новата северна власт. Заради нов импулс во билатералните односи и поттикнување на преговорите со ЕУ.

Значи, во услови кога сè уште немаме датум за преговори и влез во ЕУ, новоформираната северна влада договори интензивирање на билатералната соработака со Р.Бугарија.

Преку формирање на работни групи (комисии) во повеќе области – инфраструктура, економија, трговија и деловната соработка, образование, култура, покрај комисијата за историски и образовни прашања.

За тоа следи и возвратна посета на Софија од страна на северниот премиер и раководителите на комисиите од одделните работни области (исто така во јануари 2022 година).

Покрај ова, Бугарија прифати да го користи скратеното име “Северна Македонија“, подеднакво како и долгото име “Република Северна Македонија“ во меѓународните односи, за што ги известила и ОН. Република С. Македонија. Пак, со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

Очигледно е дека Бугарија инсистира на целосно спроведување на Преспанската спогодба (потпишана со Грција во 2018 година) во однос на именувањето на Македонската држава.

Инаку, од правен аспект, неодржливо е со меѓународен договор да се утврдува новото официјално име на државата – “Република Северна Македонија“. Како erga omnes и скратено име “Северна Македонија“.

Во врска со последново, ќе истакнам дека името на една држава е име кое извира и го создава народот кој ја создал и живее во таа држава.

Државата која ја создал Македонскиот народ е Република Македонија, како суверена држава. Формирана врз основа на правото на самоопределување во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ.

Затоа, честото спомнување на барањето на источниот сосед за вклучување на “Бугарите“ во преамбулата на Уставот. Претставува голема опасност во однос на македонската посебна историска, државотворна и национална самобитност.

Тоа значи посегање кон татковината на Македонскиот народ – Македонија. Кон борбата за создавање самостојна Македонска држава, кон илинденската традиција и Крушевската Република, кон АСНОМ. Како и промена на улогата на Бугарија во Втората светска војна во смисла на администратори. А не како сојузници на фашистичките сили, итн.

Оттука, антиципирањето на договореното од двете средби (во Скопје и во Софија), како успех, од страна на северната владина номенклатура, не е ништо друго освен нејзина политичката подготвеност за прифаќање на условувањата од Бугарија, колку и да се тие апсурдни.

Сметам дека, во услови кога Р.Бугарија експлицитно ја карактеризира Македонската нација како идеолошки рецидив на комунистичка Југославија, пропагирајќи дека Македонците биле и се етнички Бугари. Проблематизирајќи го самостојниот развој на Македонскиот јазик и литература.

Негирајќи го Македонското малцинство на нејзина територија, како и барањето “Бугарите“ да се внесат во Уставот (како државотворен народ), накратко, претставува дебакл на северната надворешна политика и дипломатија.

Ова поведение е пораз во однос на Македонците и на Македонското малцинство (конкретно во Бугарија), Македонската државност и самобитност (име и историја), Македонскиот јазик (“службен јазик на државата“) итн.

Евидентно е дека финалното решавање на Македонското прашање е оставено на Бугарија, која пак, во однос на ова прашање, води синхронизирана политика со Грција.

Особено настојувајќи историски да го делегитимираат Македонскиот народ. За Атина и за Софија, сè уште се клучни историските прашања. Бидејќи без тоа нема да може да ги остварат националните стратегиски цели. За ставање крај на Македонското прашање и на македонизмот. Ова значи слаба и ранлива позиција на македонската, односно, северната надворешна политика и дипломатија сред меѓународната јавност. Додека пак, на внатрешен план создава сериозна општествена и политичка поларизација.Затоа, било какви преговори со Бугарија. Како услов за влез на Македонија во ЕУ се бесмислени, дури и во случај ако Бугарија даде црвсти и недвосмислени гаранции дека со ништо нема да го (кочи) условува влезот во ЕУ.

Со оглед на повеќе одредби присутни во овој Договор кои се спротивни на меѓународното право, истиот треба да се раскине!

Неопходно е кон ваков вид на договори да се пристапи со голема внимателност и одлучност. Со оглед на повеќе одредби присутни во овој Договор кои се спротивни на меѓународното право, истиот треба да се раскине! Конечно и членовите 13 и 14 од истиот, говорат во таа смисла.

Во иднина, односите со Бугарија треба најпрвин да се уредуваат само врз основа на Мировната спогодба со Бугарија од Париз (1947). Во која Македонија има статус на победник, а Бугарија статус на поразена во Втората светска!

Затоа, Македонија, како правен наследник на ДФ/СФР Југославија, треба веднаш да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија. За да може во иднина ја издигне својата преговарачка позиција како антифашистички победник. Во какви било преговори и договори и да може да ги штити човековите права на Македонското малцинство во регионот, па и во Бугарија!