Благој Македонецот Шаклевски Македонски: Македонски народе

9 Мај – Денот на победата над фашизмот и „северна“ – земјата која документите од своето АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ, самата си ги избриша од Уставот.

Бришењето е со двоен ефект – и врз македонштината и врз антифашизмот (кој исто така го снема од Уставот)

Токму АСНОМ, како темел на македонската државност, во суштината на самиот акроним, заедно со името *МАКЕДОНИЈА го содржи и АНТИФАШИЗМОТ – Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на Македонија.

Проверете на Гугл и ќе видите дека многу малку народи на европско тло (освен големите сојузници Америка и Русија) денес можат изворно да се пофалат со тоа, што ние самите си го бришеме.
Повеќето денешни земји од ЕУ го прифатиле, поддржале, пречекале и соработувале со фашизмот, без воопшто да му се спротистават.

Ова нѐ обврзува да си спомниме и за Илинден денес и ни дава најзаконско право (и не само право туку и должност) пред и над сите закони – придобивките на АСНОМ и Илинден да ги браниме и чуваме како очите !

„Македонски народе,
Во дните на најголемите световни сатресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво Народно Собрание израснало от крвта и животите на најарните твои синови, од твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода“.

– од Манифестот на АСНОМ .

Смрт на фашизмот!
Слобода на народот!
За многу години борбата.

П.С. Слоганот „СМРТ на фашизмот“, според денешните либерални критериуми за „политичка коректност“ би бил жигосан, осуден и забранет како „говор на омраза“.
Впрочем и самата ЕУ, избегнувајќи воопшто да се споменува „борбата против фашизмот“ денес 9 Мај го нарекува релативизирано како Ден на Европа.

9 Мај – Денот на победата над фашизмот и "северна" – земјата која документите од своето АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ, самата…

Gepostet von Благој Македонецот Шаклевски Македонски am Samstag, 9. Mai 2020