Бобан Нонковиќ: САКАШ ЛИ ОВА ДА БИДАТ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?

Извор: Бобан Нонковиќ

Една мала држава како Македонија, но и воопшто било-каква самостојна држава, може да продолжи да живее и без име, па ако сакате и без историја и потиснат национален идентитет, но без пари, животот на таа држава завршува во моментот на прогласување на банкрот! А, тоа е целта на Зоран Заев и неговата разбојничка банда доколку на блиц-изборите на 15. јули успејат да добијат нов мандат да управуваат со државата.

Името, идентитетот и историјата, ние Македонците сме ги губеле и немале во сериозни и долги периоди низ вековите, т.е. во 2.700-те години на постоење на македонска свест (од кралот Каран, па наваму). Но, секогаш сме успевале да ги вратиме, како со истрајна борба и неоткажување од себе си, така и со вродената генетска меморија за припадност. Но, без егзистенција, Македонците полесно ќе исчезнат и тоа пластично објаснето е како гости во кафеана, кои остануваат и кога музиката ќе стивне и кога служителите ќе заминат, но се откажуваат кога пијалокот ќе заврши.

Затоа, претстојните парламентарни избори во Република Македонија се клучни, не заради политичката состојба, туку заради реалниот опстанок на единствената држава на македонскиот народ.

На една страна се Заев и неговите разбојници, а на другата, му се допаѓало тоа некому или не – е единствено ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Ако некој сака да падне Заев, мора тоа да го направи со давање на глас за ВМРО-ДПМНЕ. Мене лично не ми се допаѓа изборот, но е единствен и кога е во прашање татковината и мајковината, проголтаната кнедла е полесен залак од задушување и умирање!

Целосен текст на овој линк 🔽

САКАШ ЛИ ОВА ДА БИДАТ ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?Една мала држава како Македонија, но и воопшто…

Gepostet von Boban Nonkovik am Dienstag, 16. Juni 2020