ДАРДАН ВЕНЕТСКИ: АРИСТОТЕЛ ГРК или МАКЕДОНЕЦ?

АРИСТОТЕЛ ГРК или МАКЕДОНЕЦ?

Веднаш да расчистиме, и да сакал неможел да биде Грк, затоа што Грција и Грци постојат од 1830 год. Еден период навистина престојувал во Атина, но тој не бил ниту атињанин.

Според древните автори атињаните никогаш не му дале граѓанство. Во Атина имал статус на МЕТОК, во денешен жаргон странец. Па каков е тој славен,, Грк“, кога во Атина имал статус на странец? Во недостиг на докази за негово грчко потекло, се посега по лаги. Така според проф. по филозофија А. Маркус, австриецот Т. Гомперц во 19 век, со цел да го погрчи ја исфрла паролата,, МИЛ МИ Е СОКРАТ НО ПОМИЛА МИ Е ВИСТИНАТА“, која божем ја изговорил самиот Аристотел. Демек ако учитил му бил,, Гркот“ Сократ и тој самиот е,, Грк“. Но набрзо сватиле дека ова е лага, затоа што Сократ умрел 15 год пред да се роди Аристотел.

Без срам и перде во почеток на 20 век Фон Виљамовиц Јегер и Имиш ја исфрлаат втората лага,, МИЛ МИ Е ПЛАТОН НО ПОМИЛА МИ Е ВИСТИНАТА“. Трагајки по овој податок А. Маркус, според движењата на филозофите открива дека Аристотел и Платон никогаш не се сретнале на едно место. Така западот од две лаги состави една ,, вистина“, која упорно ја шири и го мафта светот со,, Гркот“ Аристотел. Ако веќе неможел да биде ,,Грк“, тогаш што бил? Еве ги фактите, а вие Ценете. Неспорно е дека бил роден во македонскиот град Стагира, на Халкидик. Татко му бил лекар на македонскиот царски двор по име Никомак=Нико(ла) Мак(едонецот).

Атињаните го нарекувале окупаторски филозоф и генерал на алаксандровата војска. По смртта на Александар атињаните му подигнале обвинение за непочитување на атинските богови и штетно влијание на младината. А јас прашувам, зошто да ги почитува атинските, кога тој си има свои македонски богови и не бил атињанин. Да не ја доживее судбината на Сократ избегал од Атина. По ова што мислите, што бил Аристотел?

Извор: Дардан Венетски