ДОСТА БЕА ПРЕГОВОРИ СО КОИ СЕ РАЗНЕБИТУВА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишува Виолета Ачкоска

Се наоѓаме некаде кон крајот на приказната која ни ја режираа надворешни фактори, а марионетите се домашни. Хистерични соседи кои живеат во „романтичен“ големодржавен сон од 19 век и сервилни домашни актери играат трагикомедија за која следи бурен аплауз на меѓународната.

Бугарија бара внесување на бугарско малцинство во македонскиот устав, иако веќе 16 пресуди од Меѓународниот суд за човекови права стојат нереализирани, одлуки за признавање на правата на Македонците во Бугарија. Такви таа не признава. Останува прашањето каде исчезнаа над 66% Македонци во Пиринска Македонија според бугарскиот попис од 1956, како и огромниот број македонска миграција во Бугарија. Веројатно исчезнале во процесот на формирање на т.н. „социјалистичка“ нација на Тодор Живков, теорија која не признава етнички разлики, бидејќи постои само „социјалистички“ човек.

И тие истите нам ни кажуваат дека македонската нација е создадена од УДБА, од таа истата која сакаше со сила сите македонски борци за обединета и самостојна Македонија да ги прогласи за „бугарски“ експоненти.

Запенетите бугарски политичари и јавни личности, немајќи што друго да понудат на своите граѓани, им нудат подгревање на шовинизмот, навредувајќи го на најпримитивен начин македонското национално достоинство. Ни негираат име, народ, историја, јазик. И нема реакција од оние кои се избрани да ги бранат националните интереси.

Сме издржале многу војни и окупации

Така е кога власта има скршен `рбет или недоволна доза на државотворна свест, а уште помалку усул за македонизам. Или пак е толку неука што не знае што значи РЕЦИПРОЦИТЕТ во преговарање и длабоко загазила во прашања за кои не се преговара.

За жал нема силна опозиција која ќе застане на браникот на татковината, која ќе се спротивстави на разнебитувањето на Македонија и на политичкиот прогон, особено изразен низ монструозните пресуди на уставобранителите од 27 април.

Сме издржале многу војни и окупации. Се надевам дека ќе помине и оваа специјална војна и дека победник ќе биде МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Македонија вечна.