Есхумацијата на 16 масакрирани жители на Азот во Богомила

Сликата е од есхумацијата на 16 масакрирани жители на Азот во Богомила на 17.10.1942 од страна на бугарскиот фашистички окупатор. Во средината на фотографијата доминираат три жени кои ги држат во рацете главите на своите најблиски.

Песна посветена на настанот од Благоја Петковски.

Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (Јакупица, Караџица, Даутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југозападно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола.

Глетка кон планината Јакупица од масивот Мокра во АзотДенес, целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското Поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.

Областа Азот се всушност селата во околината на селото Богомила (сите села во составот на истоимената општина која опстојуваше до 2004 година) во долината на реката Бабуна. Долината на Бабуна околу селото Богомила се проширува во Богомилското Поле, додека сиот останат дел на областа е изразито планински со изразити стрмнини и густи листопадни и зимзелени шуми.

Извор на текст