„Кога не оспоруваат: и име, и презиме, и нација, и ген… eве не во Европа!

„Кога не оспоруваат: и име, и презиме, и нација, и ген… eве не во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе не дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација.

Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат и едните, и другите, и третите и четвртите!

Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: Сега душата се радува затоа што има, зошто душа да е!

Оваа Македонија ќе живее! Ќе живее уште!“ истакна коментаторот ТОНИ СТОЈАНОВСКИ.

ПС. РЕСПЕКТ МАКЕДОНЕЦ ТОНИ СТОЈАНОВСКИ!