МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ММДЧП): МАКЕДОНИЈА Е ВО ОПАСНОСТ – КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СИ ПОМОГНЕМЕ

Сите ние помагаме кога некој е во опасност. Сите помагаме кога некој е во неволја. Но што ако еден цел народ е во опасност? Другите заедници си помагаат бргу и без збор. Но дали Македонците го прават тоа? За жал, ние не си помагаме ни приближно колку што е потребно.

ММДЧП е поинаква организација. Ние веќе 30 години сме во преден план кога треба да им се помогне на Македонците. Придружете ни се.

 Придружете ни се 

Анти-македонските напади драматично се засилија по принудното преименување на Македонија. Кризата со која сме соочени влијае на сите нас, независно каде живееме или од кој дел на поделената Македонија доаѓаме. Нашиот етнички идентитет е доведен во прашање:

  • Македонците во Пиринска Македонија се апсат од страна на бугарската тајна полиција и им се наредува да престанат со нивните македонски активности;
  • Македонците во Егејска Македонија се под закана на грчките нео-нацисти и под притисок да се откажат од својот македонски идентитет;
  • Македонците низ Албанија се под притисок – повторно од бугарските власти – да се изјаснат како „Бугари“ за да добијат некаква помош и да се избават од сиромаштијата;
  • Режимот на Заев во Република Македонија потпиша илегални договори со Грција и со Бугарија со кои се откажува од нашето име, идентитет иисторија, и се негира постоењето на Македонците во границите на овие земји. Воедно, режимот на Заев им го наметнува на граѓаните анти-македонското име „Северна Македонија“.

Едногласниот одговор од Македонците, од сите делови на поделената Македонија, на притисоците на нашите угнетувачи е: НЕ.

Но дали ние им помагаме да го заштитат своето право да постојат?

Им помагаме. Но за тоа ни треба и вашата помош. Како што реков, секогаш кога еден народ е во криза, сонародниците си помагаат. Македонци, што чекате?

Кажете ни каде би сакале да помогнете:

  • При значајната кампања „Нашето име е Македонија“ со која бараме враќање на македонското име и раскинување на сите анти-македонски договори;
  • Со финансирање на канцеларии за правна помош, медиуми и списанија за Македонците во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово;
  • Меѓународни тужби за обезбедување и заштита на човековите права на Македонците и за враќање на името на Македонија, кои вклучуваат и дузина победи пред Европскиот суд за човекови права;
  • Учество на конференции за човекови права низ Европа и во Обединетите Нации и средби со шефови на држави, министри и дипломати на кои бараме поддршка за Македонија и крај на дискриминирањето на Македонците;
  • Со финансирање на собири, протести, комеморации и културни фестивали во сите делови на распарчената Македонија, на кои се заложуваме за заштита на македонското име, идентитет и човекови права;
  • Со финансирање на успешни изборни кампањи за Македонците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Косово, за избор на кандидати кои подобро ќе ги бранат човековите права на Македонците – вклучително и првиот Македонец избран во албанското Собрание;
  • Поддршка за македонските активисти за човекови права и политички затвореници кои се во затвор поради нивното залагање за правата на Македонците;
  • Одржување на училиштата и наставата на македонски јазик во живот низ сите делови на Македонија.

Ова се само некои од нашите иницијативи. ММДЧП е организацијата која финансира, организира и поддржува проекти за заштита на човековите права на угнетените Македонци низ Балканот.

Придружете ни се

Не сакаме нашите деца еден ден да не прашаат: „Зошто не викаат ‚Северномакедонци‘ од ‚Северна Македонија?'“, зошто во училиште ни велат дека „Македонија е грчка“, или дека нашиот идентитет е „новоизмислен“, а дека „вистинските Македонци се Грците?“ и зошто ни велат дека имаме „бугарски корени“ и зборуваме на „бугарски дијалект?“

Децата ќе не прашаат зошто на сите народи им е загарантирано правото слободно да се самоидентификуваат, само на Македонците не.

Се за што се бореа нашите баби и дедовци ќе згасне.Не ќе сакате да се прашувате: „Зошто ништо не направив за да го спречам тоа?“

Придружете ни се

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125info@mhrmi.orgwww.mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRights, #НашетоИмеЕМакедонија