На денешен ден пред две години

На денешен ден пред две години започна најголемото и најсрамното судење во поновата македонска историја.Судење во кое уште пред да седнат обвинетите на клупа беа осудени со ОДНАПРЕД донесена пресуда.

Вакво монструозно сценарио со однапред планирани чекори, за да се пуштат пратеници да гласаат за новиот Устав, а останатите да бидат жртвени јагниња и да лежат за гревовите на други немало ни во најцрните ропства и во комунизмот.

Поминаа две години од почетокот на најсрамното судење во историјата на Македонија каде беа осудени чесни и искрени патриоти на повеќе од 211 години затвор.Две години во притвор во најтешки услови со понижување, тортура и под секое човечко достоинство, прекршени сите меѓународни конвенции, луѓе враќани во притовр со службени белешки од полицијата, а камерите покажуваат сосема спротивно, загрозен сведок кој во договор со ОЈО лажеше пред сите итн итн.

Оставени сами на себе три години се наоѓаме во затвор и во судските лавиринти во кое бараме правда, еден ден ќе ја најдаме.Еден ден ќе угрее сонцето на слободата, до тогаш ќе се бориме со сите свои сили за да докажеме дека не сме терористи, ами луѓе кои си ја сакаат Македонија и дека сме жртви на системот на политичките елити. „Во животот не сум бил терорист ами идеалист и тоа сум го покажал повеќе пати.

Да, мојот идеал е АСНОМСКА Македонија и тоа е факт, ако тоа е мојот грев тогаш судете ме. Овој случај за обвинителството е шоу за пред малите екрани и немаат апсолутно никакви докази за да ме судат за делото кое ми го стават на товар“

Јане Ченто 22.08.2018 година.