Петре М. Андреевски: Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни

Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина.

Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни

Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што нѐ осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина.

Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме.
Ура за Македонија, ура и за тој вечен оган по кој се препознаваме!“

(„Македонски манифест“ на Петре М. Андреевски, напишан во 2003 година)

„Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Историјата е еден отворен процес кој постојано…

Gepostet von Петре М. Андреевски am Dienstag, 30. Mai 2017