СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТОДОР ПЕТРОВ Е НЕОСНОВАНА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТОДОР ПЕТРОВ Е НЕОСНОВАНА!27 април 2021 година, Скопје, Македонија –

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неоснована ја смета поднесената кривична пријава од СВР Скопје до надлежното обвинителство против претседателот на СМК, а во врска со членот 206 од Кривичниот законик поради “непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести на протестот пред објектите на Владата и Собранието на Македонија одржан на 25 април 2021 година“.

СМК

потсетува дека организатори на Семакедонскиот протест “Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ на 25 април 2021 година пред Владата и Собранието се Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија.

СМК

како меѓународна невладина организација, со други правни и физички лица во Македонија ја обезбеди логистиката во организацијата на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година пред Владата и Собранието на Македонија.

СМК

во согласност со Законот за јавните собири, уште на 5 април 2021 година поднесе формална пријава до СВР Скопје (број 2221-3522/1) за организацијата на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година!

СМК

во пријавата до СВР Скопје, наведе дека “организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.“

СМК

во пријавата до СВР Скопје, наведе дека “учесниците се известени да се придржуваат на протоколите за јавни собири во услови на пандемија со корона вирусот, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите.“

СМК

во пријавата до СВР Скопје, упати молба “за мерки во согласност со Закон за регулација на сообраќајот и попречување на можни опонентни групи и провокатори против учесниците на Семакедонскиот мирен протест.“

СМК

го извести СВР Скопје, дека ќе го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и организира редарска служба.

СМК

во соопштенијата до јавноста од 5, 14 и 21 април како јавен повик за масовно учество на Семакедонскиот протест, наведе:

“Повикуваме на почитување на протоколите за време на пандемија и почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите“, како и “отфрламе навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа!“

СМК

соопштува дека организатор на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година не е Тодор Петров!

СМК

укажува дека учесниците на Семакедонскиот протест одржан на 25 април 2021 година пред објектите на Владата и Собранието на Македонија ги почитуваа мерките за заштита на населението од заразни болести на протестот!

За СМК е неспорно дека секој против секого има право да поднесе кривична пријава, но СМК очекува СВР Скопје да ја поткрепи својата кривична пријава со докази и сведоци!

СМК

ја почитува уставноста и законитоста, барањата за правда, слобода и демократија беа дел од барањата на Семакедонскиот протест, СМК и претседателот на СМК не бегаат од одговорност, доколку Судот со правосилна пресуда неа ја утврди.

СМК

и натаму ги поддржува барањата на Семакедонскиот протест одржан на 25 април 2021 година за распуштање на Собранието, оставка на Владата, предвремени избори за пратеници заедно со локалните, раскинување и поништување на Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас!

СМК

ја поддржува Декларацијата за ослободување на уставобранителите од натамошно извршување на казната и нејзино бришење, и поништување на политички монтираните обвиненија и пресуди на неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

СМК

бара Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето, поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите!

Свестски Македонски Конгрес

изразува задоволство од Македонците по род и државјанство кои масовно учествуваа на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година, го победија стравот и срамот од репресија на марионетската Влада на Зоран Заев, и тоа повеќе никој и никогаш не ќе може да го смени! Марионетската Влада на Зоран Заев, поради велепредавство на државата и нацијата, мора да замине во историја и на доживотна робија, со конфискација на личниот имот и имотот на семејството дома и во светот!

Македонците по род и државјанство, на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година одржаа лекција по демократија, за величествен и достоинствен мирен и ненасилен протест, без ниту една материјална штета и со ниту една навреда против било кој, за разлика од вандализмот и деструкцијата на шарената револуција со чија заслуга марионетската влада на Зоран Заев ја продаде честа на нацијата и името на Македонскиот народ и на државата Македонија!

Свестски Македонски Конгрес

упатува искрена благодарност до сите Македонци по род и државјанство во светот и татковината, до сите политички партии и здруженија на граѓани во Републиката и до сите македонски заедници и организации во светот, за организацијата и учеството на импозантниот Семакедонски протест на 25 април 2021 година!

Борбата продолжува до победа и слобода!

Никогаш северна, само Македонија!

Извор: Светски Македонски Конгрес