СЕМАКЕДОНСКИОТ АМАНЕТ ДО ВРХОВИСТИТЕ И КОЛАБОРАЦИОНИСТИТЕ

СЕМАКЕДОНСКИОТ АМАНЕТ ДО ВРХОВИСТИТЕ И КОЛАБОРАЦИОНИСТИТЕ

Извор: Тодор Петров

Ви б’зди аздисот против Македонија, врховизмот и колаборационизмот ви се доктрина за денационализација на Македонците, но тоа нема да ви успее… Во оваа катарза сите си ги покажаа роговите, сите врховисти и колаборационисти на купче: и кон Белград, и кон Софија, и кон Атина, и кон Тирана!

Но, не заборавајте: Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности!

А, универзални вредности на Македонската цивилизација се:

(1) мирот и љубовта, наспроти омразата и војната,

(2) почитувањето и сожителството, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, и

(3) културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

Гоцевата мисла “светот како поле за културен натпревар меѓу народите” не е само негова лична импресија, туку претставува експресија на генетскиот код на Македонската цивилизација!

И покрај се’ и после се’, Македонците предлагат историско помирување на Македонскиот народ со сите соседни народи, и договори за траен мир и добрососедство меѓу државата Македонија со соседните држави! Тоа е формулата за траен мир и љубов на Македонскиот полуостров (на Балканот). Простуваме, но не забораваме, бараме извинување и репарации!

Макар и еднострано, ние Македонците велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, секогаш семакедонскиот аманет до врховистите и колаборационистите, до изродите и одродите, до предавниците…

Македонската света земја

Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ Македонски.

И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски – Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци, исфрлајќи ги преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија!

Македонија фениксот, Македонците пирејот! Борбата продолжува до победа и слобода за Македонците и за Македонија! Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!