СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА

Голем семакедонски народен протест е најавен за 25 април, протест на кој ќе се бара слобода за уставобранителите кои беа осудени на повеќе од 200 години затвор за тероризам по упадот во Собранието на 27 април.

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА

5 април 2021 година, Брисел, Женева, Лондон, Хелсинки, Берлин, Торонто , Њујорк, Сиднеј

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 25 април 2021 година (недела) во Скопје организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “Демократија во Македонија и Слобода на уставобранителите!”

Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев”, Булевар “Димитрие Чуповски”, Булевар “11 Октомври”, до Собранието на Македонија во 13 часот.

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА

На Семакедонскиот протест ќе биде интонирана националната химна “Денес над Македонија” и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите Нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во Република Македонија.

Семакедонскиот протест ќе биде без бина и без говори.

Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество, без партиски знамиња.

Декларацијата од Семакедонскиот протест ќе биде отпечатена на летоци и поделена на учесниците.

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА

Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Организатори : Македонците во светот и Татковината