СОФИЈА ПОВТОРНО ОСУДЕНА ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес

Извор: Тодор Петров

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, со директива до Владата во Софија за регистрација на здружението “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ со седиште во Благоевград, а по барањe на здружението и неговиот претседател Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, поднесени на 10 октомври 2013 година преку адвокатот Тони Менкиноски, за повреда на правото на здружување, откако Регионалниот суд во Благоевград по пријава за регистрација на 13 јуни 2012 година одбил да го регистрира здружението на 7 февруари 2013 година, а Апелациониот суд во Софија ја потврдил пресудата на Регионалниот суд во Благоевград на 11 април 2013 година, поради неговите цели: да ги негува и афирмира правата и традициите на Македонците во Бугарија различни од бугарските!

СМК изразува благодарност на адвокатот Тони Менкиновски за неговата професионалност и посветеност во борбата на Македонците во Бугарија за нивните права и слободи и за победата на меѓународното право наспроти наци-фашизмот на Софија!

СМК очекува Судот во Благоевград да изврши регистрација на здружението “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“!

Истовремено, СМК бара Комитетот на Советот на Европа да го продолжи мониторингот врз Буагрија поради флагрантно кршење на малцинските права на Македонците!

Светскиот Македонски Конгрес

со индигнација го отфрла однесувањето на Софија, бидејќи Бугарија и досега не спровела десетина пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на сите здруженија и партии на Македонците, меѓу кои ОМО ИЛИНДЕН, ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, ОМО ПИРИН и други.

Светскиот Македонски Конгрес

бара Владата на Македонија да побара Софија да ги спроведе сите пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и директивите на Европската Комисија за регистрација на сите здруженија и партии на Македонците во Бугарија, бидејќи со нивното неспроведување се врши флагрантно кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Република Бугарија!

Светскиот Македонски Конгрес

бара Владата на Македонија да вложи протестна нота до Владата во Софија и Европската комисија за положбата, правата и слободите на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и на целата територија на Република Бугарија!

Со европските пресуди на Брисел и Стразбур, Софија се’ повеќе се разобличува во нејзината дискриминаторска и наци-фашистичка политика кон Македонците во Бугарија и Македонскиот народ во целина, што е спротивно на добрососедските политики кон Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес

оценува дека и со оваа победа во Стразбур, Македонците во Бугарија ја демантираат таканаречената “Рамковна позиција“ усвоена од Владата на Софија на 9 октомври и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври 2019 година, за почетокот на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија, како антимакедонска симбиоза на бугарската политичка и научна елита за непризнавање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја, со која се бара признание на Владата на Македонија дека не постојат Македонци во Бугарија, дека Македонците се Бугари, дека Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, дека македонската историја до 1944 година е дел од бугарската историја, дека фашистичка Бугарија во Втората светска војна не извршила окупација врз Македонија и не ги депортирала 7.144 Евреи од Македонија во концлогорот Треблинка до Варшава во Полска!

Македонците

по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го отфрлаат Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година како велепредавство на нацијата и државата, склучен во спротивност со домашното и меѓународното право, а поради неизживеаната романса на Софија за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, територијалните претензии на Република Бугарија кон државата Македонија и барањето за ревизија на македонската историја, промена на учебниците, наставните планови и програми! Договорот Заев-Борисов за Македонците претставува грубо мешање на Софија во внатрешните работи на Македонија, од држава да стане територија без народ и историја!

Македонците

по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!