СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН: МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗГРОЗЕНИ ОД ИНТЕРВЈУТО НА ЗАЕВ ЗА БГНЕС!

25 ноември 2020 година, Скопје, Македонија – Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН најостро го осудува скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС, како најава дека после софиското вето за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, Владата на Заев е подготвена да ги прифати антимакедонските и антиисториските ултиматуми на бугарската влада за почеток на преговорите во декември годинава.

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

потсетува на одлуките на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, и повторува дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

бара итно и безрезервно раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, бидејќи се ништовни според меѓународното право, а имаат за цел Македонија од држава да ја претворат во територија без народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

бара Македонската влада да ја почитува уставната обврска за грижа за Македонците во светот, посебно за Македонците во соседните држави, чии права и слободи владите во Софија и Атина не ги признаваат, а владата во Тирана го прифати софискиот ултиматум за признавање на непостоечко “бугарско“ малцинство во Албанија на местата каде што Македонците живеат!

Македонците од Егејскиот дел на Македонија предлагаат македонско-бугарско историско помирување, со извинување на Софија за сите историски и општествени неправди и ѕверства врз Македонскиот народ и Македонија, и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“, што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи, наместо асиметричниот Договор Заев-Борисов од 1 август 2017 година кој Владата во Софија флагрантно го крши со погрешно читање!

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН бара итно и безусловно распуштање на заедничките македонско-бугарска и македонско-грчка владини комисии за ревизија на македонската историја, кои “пишуваат“ нова политичка историја на Македонскиот народ и Македонија! Никогаш северна, само Македонија!

Извор: Тодор Петров