Цветови

Цветови – Славко Јаневски посветена на стреланите децата од Ваташа од Бугарскиот Гнасен Фашистички Окупатор

ЦВЕТОВИ – СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.
Последна солза од око капна…
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна:
„Мајка ми сама остана в село“.
О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче…
Румено крвје течеше в жили
в радост без почин…
Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крвта врела растопи слана
црвена роза закити поле.
Мајската роза и цветот модер
в миризма молат:
„Закити, друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради“.
В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.

Извор: Ванчо Миленковски