Црква „Св. Јован Крстител“ – Кратово

Црква „Св. Јован Крстител“ – Кратово

Црква „Св. Јован Крстител“ – Кратово (понекогаш нарекувана и „Св. Јован Претеча“) — црква во градот Кратово, во Општина Кратово. Црквата е сместена во рибарското маало на Кратово.

Историја
Според преданието на постарите кратовчани, црквата била запалена во текот на Карпошовото востание (1689 г.), при што останале ѕидовите, но покривот целосно изгорел. Сепак, голем дел од вредните црковни предмети биле зачувани. Црквата била обновена дури два века подоцна, односно во 1836 година од страна на познатиот Андреја Дамјанов, додека импозантниот иконостас од ореово дрво со позлата е едно од првите дела на Петре Филиповски – Гарката и неговата тајфа, а иконите се создадени од Димитар Андонов Папрадишки и самоковските зографи.

Од ктиторскиот натпис над влезната врата на црквата можеме да дознаеме дека црквата е обновена во 1836 година со „залагање и трошок на сите христијани“.

Извор: Visit Macedonia