Љубомир Цуцуловски: СОПСТВЕНОСТ НА…?

Извор: Љубомир Цуцуловски

Денес го подигнав мојот нов пасош. На насловната страница, фино лепо, убаво пишува „Република Македонија.“ Го отворам. Гледам и на наредната страница, фино лепо, пишува „Република Македонија.“ Убаво, си велам, сѐ е како што треба. Вртам на нардната страница, кога таму, фино не-лепо, пишува „Овој пасош е сопственост на Република Северна Македонија.“ Збунет сум.

Не можам да разберам како пасошот на Република Македонија е сопственост на Република Северна Македонија. Дали се тоа две различни држави, па Република Македонија е во сопственост на Република Северна Македонија? Или се тоа две различни држави? Но, во тој случај, зошто и за двете држави важи ист пасош? 

Башка, пасошот е на мое име и за него, фино лепо, ѝ платив на државата колку што требаше. Сега испаѓа дека не е и моја сопственост. Или, така треба – да не се знае што е што и кој е кој, бидејќи некои батковци така заповедале.Сѐ е добро, фино лепо, само што не е лепо. Уште помалку фино, молам лепо!

СОПСТВЕНОСТ НА…? Денес го подигнав мојот нов пасош. На насловната страница, фино лепо, убаво пишува „Република…

Gepostet von Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski am Mittwoch, 13. Mai 2020

Извор на слика Љубомир Цуцуловски