Љубомир Цуцуловски: ХИПОТЕТИЧКА СИТУАЦИЈА

Извор: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

ХИПОТЕТИЧКА СИТУАЦИЈА. Да претпоставиме дека некоја земја членка на ЕУ, сеедно од кои причини, како неопходен услов за почеток на разговорите, односно за влез на Република Македонија во ЕУ постави само едно барање – преименување на Албанците и на албанкиот јазик во Република Македонија. Значи, таа хипотетичка земја поставува само еден услов – или преименување на Албанците и нивниот јазик, или нема влез во ЕУ.

Притоа, претпоставената земја не мора да сугерира како да се преименуваат, туку само условува. Интересно би било (се разбира, само хипотетички) дали со тој услов би се согласил Бујар Османи, како и сите кои сметаат дека влезот во ЕУ нема цена, па макар тоа било и преименувањето на Македонците и на македонскиот јазик.

Односно, во конкретнава хипотетичка ситуација (нагласувам уште еднаш, само хипотетичка/претпоставена ситуација), преимеувањето на Албанците и албанскиот јазик би било прифатливо, како услов за влез на Македонија во ЕУ. П.С. Како човек и личност, со такво условување никогаш не би се согласил.

ХИПОТЕТИЧКА СИТУАЦИЈА. Да претпоставиме дека некоја земја членка на ЕУ, сеедно од кои причини, како неопходен услов за…

Gepostet von Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski am Samstag, 2. Mai 2020

Извор на Слика Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski