![Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/06/Ама-секоја-куќа-има-свој-нужник-што-се-вели-и-секој-народ-има-свој-предавник-678x381.png)
„Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои.
Така кажуваат и народните песни. Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда. Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец.
Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион…“
(„Небеска Тимјановна“, 1988 г.)