Чудата на нашиот старец Свети Јоаким

Чудата на нашиот старец Свети Јоаким ✝️🙏🇲🇰

Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ бил ставен под заштита на султанот Абдул Хамид во 1884 година❗️❗️❗️

🔴 Овде постои ретко уникатно исламско обележје со кое Цариград го штител ова православно свето место од уништување. Сличен камен столб со турбан на средина постои само уште во Аја Софија во Истанбул, но овој во манастирот Осоговски по многу нешто е посебен, бидејќи и Турците некогаш се поклонувале пред чудотворецот Свети Јоаким❗️

🔴 Имено, при напуштање на манастирот, турскиот војсководец со себе зел парче од моштите на светецот од отворениот ковчег и со војската тргнал кон Крива Паланка. Војниците забележале дека со него нешто чудно се случува. Кога го прашале што му е, тој немо и испаничено почнал да мавта со рацете покажувајќи им да се вратат назад во манастирот. И тој тргнал со нив, а кога стигнале, во ковчегот ги вратил земените мошти. Набргу му се вратила снагата и гласот❗️

🔴 По ова необично случување го известил султанот во Истанбул. Турците во манастирот испратиле знак за заштита дека манастирот не може да биде ништо друго освен тоа што е и уште подариле пет килограми злато за покривање на штетата❗️

Извор:https://www.facebook.com/groups/765439560182995/permalink/3087204794673115/?tn=K-R

Категорија: Places