ЦЕЛАТА БУГАРСКА ИСТОРИЈА Е ГРАДЕНА ВРЗ ФАЛСИФИКАТИ И КРАЖБИ ОД БОГАТАТА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

ЦЕЛАТА БУГАРСКА ИСТОРИЈА Е ГРАДЕНА ВРЗ ФАЛСИФИКАТИ И КРАЖБИ ОД БОГАТАТА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

Во времето на Македонскиот цар Самоил не постоела држава под името „Бугарија“. Таа, тогаш мала државичка, го носела името „Паристрија“ и тоа име е се‘ до 1878 година. Таа земја под името „Бугарија“ започнала да се именува дури по Берлинскиот Конгрес одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година и тоа историски факт. До тој период, во ниту еден извор го нема името Бугарија. Едноставно, не постои! Се среќава само во фалсификувани пишани извори создадени по 1878 година, т.е. на крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

Целата бугарска историја е градена врз фалсификати, со кражби од богатата македонска национална историја. Од нејзиниот таканаречен хански период, во време на владеењето на татарските и монголските ханови, нема ниту еден забележлив настан со кој таа земја може да се пофали. Сите настани и личности се македонски, украдени и присвоени од бугарската псевдо.наука и историографија. Нивните историчари тоа совршено добро го знаат и продолжуваат упорно да ја крадат македонската изворна историја, култура, традиции и цивилизација.

И едно појаснување: државата на Цар Самоил го носела името Склавинија, а не Македонија, иако Цар Самоил владеел во нејзиниот централен дел, бидејќи во тоа време веќе постоела држава под името Македонија, т.е. Македонското средновековно царство со престолнина во Константинопол. Современик на Цар Самоил му бил Македонскиот император Василиј Втори Македонски кој ги ослепел Самоиловите наемни војски составени од Татари, за што имало и многу горка причина.

Бугарите, сакале или не сакале, еден ден ќе се соочат со вистината за сите грабежи.

Пишува Д-р Петар Поповски, познат македонски историчар, научник, истражувач и публицист.