Ѓурѓовден – Св. Ѓорѓи Победоносец

Св. Ѓорѓи Победоносец

Ѓурѓовден — најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април по стариот календар, односно на 6 мај по новиот календар.

Овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Свети Ѓорѓи – македонска православна црква, сместена во центарот на Струга, која претставува најстар христијански верски објект во градот и кој датира од средината на 13 век.Според преданијата, претставува едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа. #Македонија

Свети Ѓорѓи

Од оваа црква традиционално започнува голема Ѓурѓовденска литија на која верниците се поклонуваат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец. (Иконата со житие на Св. Ѓорѓи е меѓу 10те највредни икони во светот)

Св. Ѓорѓи Победоносец, Рајчица Во манастирот се чуват делови од моштите на Св. Јован Кукузел и Св. великомаченик Георгиј Победоносец како и честица од Чесниот Крст. Еден од најубавите македонски манастири..секоја година традиционално се празнува Ѓурѓовден.

Св. Ѓорѓи Победоносец, Рајчица

Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. (Олтарот на манастирската црква).

Олтарот на манастирската црква

Извор на Текст и Слики Види Види #ДвижењеБојкотирам@1VidiVidi

Visit Macedonia