НЕМА датум, НЕМА преговарачка рамка, ИМА потврда за најавеното вeтo од Бугарија

По завршувањето на онлајн самитот, прес-конференција одржа бугарскиот премиер Бојко Борисов кој во однос на Македонија изјави дека има 35 поглавја и на секое може да не блoкиpaат.

„Или ќе ги исполнат нашите услови или нема ЕУ за нив. Ако не им се допаѓаат условите нека не влегуваат, никој со сила не ги вика“, беа поентите на Борисов.

Сето ова е уште еден доказ дека Договорот кој Заев и Димитров го потпишаа со Бугарија и со кој се гордеат, има потенцијал да стане дури и поголем пpoблeм од пpoблeмoт кој Грција го имаше со нашето уставно име. И тој потенцијал, судејќи според декларацијата од самитот на ЕУ од Загреб и зборовите на Борисов, тукушто почна да се „реализира“.

Извор: Infomax.mk