Билјана Ванковска: Употребата на МАКЕДОНИЈА/МАКЕДОНСКИ/МАКЕДОНСКО е чин на ОТПОР, ненасилен, ама тврдоглав и упорен

Гледам дека мнозина се исфрустрирани од одлуката на Маричиќ, односно намерата на владата на Заев да уништи се’ што почнува на М (освен мерцедесот на Грујо – тој е безбеден и врши работа).

Извинете, ама јас немам веќе сила за драма, за сечење вени, за солзи или за клетви… Јас УПОРНО употребувам Македонија/Macedonia секаде каде што треба. И тоа ќе го правам не само заради криминалниот начин на кој ни го сменија името, туку затоа што тоа е најефикасниот начин на борба – се’ додека не се „најде маж“ (да го парафразирам БЦ) кој нема да се фемка, туку ќе го раскине Преспанскиот договор и онаа бугарската јамка околу вратот.

Нашите соседи знаат дека со политичкава багра лесно ќе се справат, ама ужаснати се од секојдневната употреба на Македонија/македонско, а најмногу од се’ ги вади од кожа кога тоа ќе го зборувате кон надвор. Многу грчки аналитичари го кажале тоа експлицитно, ама ние сме толку зафатени со сопстевниот плач, што не слушаме внимателно.

Употребата на МАКЕДОНИЈА/МАКЕДОНСКИ/МАКЕДОНСКО е чин на ОТПОР, ненасилен, ама тврдоглав и упорен. Секој кој употребува Северна, особено во јавниот говор е или кукавица или опортунист. Џабе им легализам – криминал не се покрива со легализам.

Извор: Билјана Ванковска

Гледам дека мнозина се исфрустрирани од одлуката на Маричиќ, односно намерата на владата на Заев да уништи се' што…

Gepostet von Biljana Vankovska am Donnerstag, 11. Februar 2021

Извор на Слика: Седо Перо