Владо Јовановски: Јадни, бедни и мизерни сте во очите на Македонците

Извор Владо Јовановски

Во полициски час од четири дена, можевте да направите кружен тек на некоја раскрсница. Идеално време за градежни активности, кога нема сообраќаен хаос. Еве кај “Мавровка” на пример, или на некое друго “тесно грло”…
Можевте да изградите некоја фонтана, некоја чешма, да не речам мост, или барем некое мало селско мостче. Ама не, вие се одлучивте да го рушите изграденото, да шмирглате, да бришете, да копате по македонските чувства, отстранувајки ја ѕвездата од Кутлеш. Толку можете, толку знаете, толку ви фаќа ц’рпката…

Јадни, бедни и мизерни сте во очите на Македонците.

Вие, кои се обидувате да бришете идентитетски симболи и историја, безмилосно ќе бидете избришани од истата таа, македонска историја.

Во полициски час од четири дена, можевте да направите кружен тек на некоја раскрсница. Идеално време за градежни…

Gepostet von Vlado Jovanovski am Samstag, 2. Mai 2020