НА ДЕНЕШЕН ДЕН (03.05.2001) загинуваат двајца припадници на единицата „Шкорпони“

Извор Македонски Бранители

НА ДЕНЕШЕН ДЕН (03.05.2001)

…откако со транспортер влегле во кумановското село Ваксинце, во заседа загинуваат двајца припадници на единицата „Шкорпони“:

– ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ (†29) од Нова Горица, Словенија. Роден во Словенија, но по потекло е од Штип. Димитар беше како и Влатко Петров во „Шкорпионите“. Беше силно момче. Како и татко му Јане, кој беше висок офицер на АРМ, така и он бил многу верен на армијата и единицата. За тоа колку и бил верен на армијата и единицата говори и податокот што сам сакал да оди на позиција на 2 мај. И ако му следеше одмор, можел, со мирна совест да го мине празникот во касарната во Куманово и наредниот ден да си замине за Штип, кај своите. Можел, но не го сторил тоа. Него му беше одбраната на Македонија по важна него одморот. Зад себе ги остави едногодишниот син и сопругата.

– ВЛАТКО ПЕТРОВ (†24) од с. Чардаклија, Штипско. Влатко беше храбро момче, кое се определи да му служи на својот народ и земја. Веруваше дека на тој начин ќе ја изврши патриотската задача. Завек остана на браникот на татковината. Влатко имал еден постар брат, Коце, кои после неговата смрт се вработил како затворски чувар во Штип. На 4 јануари 2016, Коце и уште еден чувар загинуваат откако нивното возило излетало од патот, паѓајки во коритото на реката Брегалница. Семејството Петрови од Чардаклија за 14 години ги изгубија двата сина.

Во врска со нападот на транспортерот во Ваксинце интересен е и податокот дека во него учествувале 60-тина терористи од селото на чело со сопственикот на колонијалната продавница и уште 30-тина терористи од Косово. Практично врз седуммината се пукало од сите страни. Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ МАКЕДОНСКИ!

Извор на Текст и Слика Македонски Бранители