Извор: Тодор Петров
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН НА САШКО ГЕШОВСКИ 1971-1991
6 мај 2020 година, Кавадарци, Македонија – Сашко Гешовски, син на Гоце и Цвета, е роден на 31 октомври 1971 година.
Загина на 06 мај 1991 година во Сплит, на 20 годишна возраст, како војник во ЈНА, во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФРЈ.
На 7 мај 1991 година, еден ден по загинувањето на Сашко Гешовски, во Кавадарци се одржа мирен протест на кој присуствуваа речиси сите Кавадарчани, Македонци од цела Македонија. На погребот дојдоа повеќе од 20.000 граѓани, а во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост.
Сашко Гешовски е прва жртва од Република Македонија во војните кои ја зафатија поранешна СФР Југославија пред нејзината конечна дисолуција. При распаѓањето на поранешна СФРЈ, не сметајќи ги оние кои поради повреди и нарушено здравје подоцна починаа, загинаа вкупно 54 војници од Македонија, околу 120 војници беа ранети…
Венчаја памјат и слава на Сашко Гешовски и на сите припадници на ЈНА од Македонија кои загинаа во војните на поранешна СФР Југославија. Амин…