![СЕЛО ЗРНОВО](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/05/СЕЛО-ЗРНОВО-1-1-678x381.png)
Зрново е драмско село во Егејска Македонија,сега под Р. Гр. Денес преименувано во „Като Неврокопион“ (Долен Неврокоп) грчки: Κάτω Νευροκόπι . се наоѓа на 42 километри северно од градот Драма во северниот дел на Елеската котлина.
![](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/05/Село-Зрново-2.png)
Првите записи за Зрново
Првите записи за Зрново се во османски документи од 15 век, во кои е споменато како село со 171 христијански ханиња – домаќинства, 48 неженети христијани, 22 вдовици и само 1 муслиманско хане на Шехабедин Велков. Во почетокот на 17 век во Зрново живеат 120, а во 1660 година – 152 џизие-ханиња – домаќинства,
![](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/05/Село-Зрново-1.png)
Во списокот на населените места со регистрирани имиња на главите на домаќинствата во втората половина на 15 и почетокот на 16 век во село Зрново се регистрирани 241 лица.
Во 18 и 19 век во Зрново се развиени казанџиството и делумно крзнарството. Во 19 век Зрново е големо село со мнозинско македонско население, селото е во Неврокопската каза на Серскиот санџак на Османската империја.
Во 1902 година Димитар Драгинов ја враќа патријаршијата во Зрнево. На Велигден Драгидов е обесен од војводата Атанас Тешовалијата на вратата на црквата и оставен да виси три дена. Во 1905 година во селото работи егзархиско училиште со 2 учители и 105 ученици.
![](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/05/Четата-на-Атанас-Тешовалијата.png)
За време на Балканските војни во 1912 година 44 луѓе од Зрново се доброволци во Македоно-одринското ополчение.
Во 20-те години во Зрново се населени Грци од Турција и гркомани од Неврокоп.
На 18 април 1945 година селото е ограбено од грчката чета на капитан Кукатис, многу селани са претепани, двјца – убиени. На жалбите на Зрновци до Британците било добивано одговор дека тие се Бугари и дека треба да си одат од тука. Во 1944 година, десетици семејства го напуштаат Зрново и се населуваат во град Штип.
![](https://www.macedonia-news.com/wp-content/uploads/2020/05/СЕЛО-ЗРНОВО-1-2.png)
Родени во Зрново
Ангел Ив. Жопов, 28-годишен, македоно-одрински ополченец, земјоделец, неписмен, во четата на Стојан Филипов.
Атанас Ангелов, 27-годишен, македоно-одрински ополченец, чевлар, основно образование, 14 воденска дружина.
Атанас Ангелов, 32-годишен, македоно-одрински ополченец, шивач, неписмен, во четата на Стојан Филипов, 1 чета на 14 воденска дружина.
Велик Аврамов, 30-годишен, македоно-одрински ополченец, земјоделец, неписмен, четата на Стојан Филипов, 4 чета на 14 воденска дружина.
Герман Аризанов, македоно-одрински ополченец, 30-годишен, земјоделец, неписмен, четата на Стојан Филипов.
Коста Д. Жонов, 52-годишен, македоно-одрински ополченец, доктор, писмен, четата на Стојан Филипов.
Коста (Костадин) А. Џонов (Жонов), 35 (30)-годишен, македоно-одрински ополченец, болничар, четата на Стојан Филипов, 3 чета на 14 воденска дружина.
Никола Ангелов Бабриев (Бабушев, Бабушов), македоно-одрински ополченец, 40-годишен, земјоделец, неписмен, четата на Стојан Филипов, нестроева чета на 14 воденска дружина, носител на бронзен медал.
Петар Ангелов, македоно-одрински ополченец, 32-годишен, земјоделец, основно образование, 2 чета на 14 воденска дружина, носител на бронзен медал.
Извор: Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia