Ден на независноста на Македонија

Ден на независноста на Македонија- државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена Македонија.