МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КАНАДА: ОСУДА НА ОДЛУКАТА НА ГРЦИЈА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА “КРСТЕ МИСИРКОВ”!

Торонто, Канада –

Македонското меѓународно движење за човекови права во Канада најостро ја осудува одлуката на Грција за поништување на регистрацијата на Организацијата “Крсте Мисирков“. Поради декларацијата Македонец на нејзиниот правен застапник Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас, повеќепати осудуван од грчките власти.

Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас бил повеќепати осудуван од грчките власти поради декларацијата дека е Македонец по род и поради барањата за основни човекови и малцински права за Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција.

Македонското меѓународно движење за човекови права во Канада

упатува критики кон Европската Унија која им дозволува на своите земји-членки постојано да ги кршат човековите права на своите етнички малцинства (во случајов Грција и Бугарија). Дури и ги охрабрува и поттикнува да ги кршат правата на Македонската заедница во Грција и Бугарија.

Македонското меѓународно движење за човекови права во Канада

со жалење констатира дека Европската Унија ги поддржа повиците на Бугарија и Грција упатени кон Македонија да се избрише името на државата и идентитетот на нацијата и да се фалсификува македонската историја, со цел да се задоволат барањата на Грција и Бугарија и нивната јавно декларирана цел за негација на постоењето на големите македонски заедници во рамките на нивните граници.

Македонското меѓународно движење за човекови права во Канада

констатира дека наместо ирационално да го слави потпишувањето на анти-македонските договори со Грција и Бугарија како модел за “решавање на дипломатски спорови”.

Европската Унија мора да го осуди натамошното спроведување на овие договори, да ги осуди своите членки за брутално кршење на малцинските права и конечно да ги спорведе конвенциите за заштита на правата кои тие упорно ги прекршуваат!

For more information: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRightsmhrmi.org/OurNameIsMacedonia #OurNameIsMacedoniaShare