МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ВОЗОБНОВИЈА СУВЕРЕНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, А ОТФРЛИЈА РЕДУЦИРАНА И АСИМЕТРИЧНА ФЕДЕРАЦИЈА!

МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ВОЗОБНОВИЈА СУВЕРЕНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, А ОТФРЛИЈА РЕДУЦИРАНА И АСИМЕТРИЧНА ФЕДЕРАЦИЈА!

Пишува Тодор Петров

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, а импровизациите од интерпретации и кај политичарите отпосле и во медиумите се несоодветни, како потсетување: На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, СО ПРАВО ДА СТАПИ ВО ИДЕН СОЈУЗ НА СУВЕРЕНИТЕ ДРЖАВИ НА ЈУГОСЛАВИЈА“, без додавки и без придавки на државното име кое се состои од само еден единствен збор – зборот Македонија, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите без исклучок!За да нема забуни и заблуди кај носталгичарите за времето кое е трајно минато и свршено: Вториот дел од референдумското прашање е апсолвиран во Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991 година!

Со вториот дел од референдумското прашање Македонија отфрли асиметрична и редуцирана федерација и остана суверена и самостојна држава! Собранието го усвои единствениот амандман на референдумското прашање од независниот пратеник Тодор Петров – зборот “суверени“ да се замени со зборот “суверените“ со образложение: Ако и една република ја напушти Југославија, Македонија нема да остане во редуцирана федерација!

МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ВОЗОБНОВИЈА СУВЕРЕНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, А ОТФРЛИЈА РЕДУЦИРАНА И АСИМЕТРИЧНА ФЕДЕРАЦИЈА!

Во декември 1991 година Собранието го прифати позитивното мислење на Владата по предлог Резолуцијата на независниот пратеник Тодор Петров: Вториот дел од референдумското прашање е ништовен, бидејќи постапката за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави е уредена во членот 120 од Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991 година!И затоа, 8 септември е Ден на независноста на Македонија, како основа за меѓународно-правниот субјективитет на државата Македонија!2 август е Ден на државноста на Македонија.

На 2 август 1944

На 2 август 1944 година на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) во Македонскиот православен манастир “Свети Отец Прохор Пчињски“, со Македонци делегати од сите делови на Македонија е возобновена Македонската држава и прокламирано ослободувањето и обединувањето на Македонија во нејзините етно-историски граници!

Токму Манифестот на АСНОМ повикува на обединување на сите делови на Македонскиот народ како право на самоопределување и на обединување на Македонија! Собранието го прифати предлогот на независниот пратеник Тодор Петров: 2 август е Ден на државноста, а 8 септември е Ден на независноста!За жал, Македонскиот православен манастир “Свети Отец Прохор Пчињски” Србија еднострано го анектира со нејзиниот Закон за територијалната организација на општините донесен во 1947 година. Тогашната власт во Македонија на чело со Лазар Колишевски тоа го премолча, со образложение, во една Југославија сме, со време и тоа ќе се реши. Се растури Југославија и тоа прашање, никогаш не се реши: Македонскиот православен манастир “Свети Отец Прохор Пчињски”, областа Гора, Генерал Јанкович, Прешево, Ристовец, Бујановец, Трговиште и десетина села кај Куманово и Крива Паланка, засекогаш останаа под српска окупација, во Србија…Македонија вечна од исконот до бескрајот и сите Македонци еден за друг!

Никогаш северна, само Македонија! Амин!