Млади за Македонија: DON’T YOU NORTH ME, I AM MACEDONIAN!

DON’T YOU NORTH ME, I AM MACEDONIAN! – бараме прифаќање на македонската платформа!

Во пресрет на парламентаррните избори, ние ја започнуваме кампањата “Don’t you north me, I am Macedonian”, со која ќе вршиме притисок за враќање на уставното име на Република Македонија и целосно поништување на Преспанскиот договор и решавање на последиците од него!

Ние немаме изборна програма, ние имаме програма со 70-тина барања кои се преточени во македонска платформа. Македонската платформа е одговор на три децениското ништење на државата кое резултираше со нелегалната промена на нашето име. Сите нашите барања може да ги прочитате н следниот линк: https://mladizamakedonija.mk/platform.pdf

Во кратки црти, најважните барања се:

1. Враќање на уставното име на Република Македонија

2. Целосно укинување на Преспанскиот договор и решавање на последиците од него

3. Враќање на Сонцето од Кутлеш за државно знаме на Република Македонија

4. Поништување на последиците од Охридскиот рамковен договор

5. Укинување на договорот за добрососедство со Бугарија

6. Укинување на нелегалната двојазичност, решавање на последиците од Тиранската платформа и започнување преговори со Албанија во врска со мешањето во внатрешните работи на Македонија

7. Формирање на независен трибунал за злосторства против човештвото и велепредавство

8. Итна истрага за криминалите, корупцијата, сепаратистичките идеи и албанскиот национализам на албанските политички партии

9. Поништување на амнестијата на хашките случаи. Процесуирање на хашките случаи и воените злосторства од 2001 година. Лов и судење на сите албански воени злосторници кои во 2001 учеатвуваа во злосторства против човештвото врз македонскиот народ во западна Македонија, кои резултираа со етничко чистење на Македонците во западна Македонија

10. Лов на сите грчки воени злосторнице кои се сеуште живи, a кои извршиле злосторства против човештвото, депортација и етничко чистење на Македомците од егејскиот дел на Македонија

11. Прогласување на Кожуф за национален план

12. Донесување на закони и мерки за подобрување на благосостојбата на животните

13. Возобновување на Охридската книжевна школа како државен универзитет

14. Одвојување на 3% од БДП за кредитирање, поддршка, инвестиции и помош во start-up компании

15. Целосна истрага за начинот за приватизацијата и стекнатиот имот на сите погобати граѓани

16. Донесување на закони и мерки за подобрување на квалиттетот на храната

17. Воведување на меритократија (систен на заслуги по квалитет) во државната администрација и прекунување на системот на клиентизам и награда на партиските активисти

Овие барања ќе бидат доставени до сите политички партии. За рзлика од политичките партии, кампањата “Don’t you north me, I am Macedonian” ќе биде скромна бидејќи ние ги потрошивме нашите финасии за борбата во 2018 за зачувувње на името. Исто така, го повикуваме кандидатите за пратеници (и идни пратеници) да допринесат во борбата за нашето име идентитет и јазик и да се откажат од барем 2% од своите пратенички плати и да ги донираат на здруженијата кои се борат за поништување на Преспанскиот договор.

Млади за Македонија нема да повика да се гласа за ниту една политичка партија во вардарскиот дел на Македонија. Млади за Македонија единствено ќе ги поддржи и ќе повика на гласање за македонските партии во пиринска и егејскиот дел на Македонија, Голо Брдо, Преспа, регинот Гора, регинот Прохор Пчински (Прешево и Врање). Исто така, ќе повикаме македонскатан дијаспора да гласа за сите странски политичари и политички партии кои ја поддржуваат Македонија и се борат за нашето име, како Маријана Петир (Хрватска) , Алекдандар Ној (Германија) Републиканска левица на Каталонија – ЕРЦ (Каталонија).

За крај, сакаме да нагласиме дека Македонската платформа е правен документ заснован врз почитување на оновните човекови права и слободи, а официјалното име на документот е “Манифест за заштита и унапредување на човековите права и слободи.” Доколку целосно се реализира оваа платформа, на долг рок целосно ќе ја промени иднината на Македонија и на македонскиот народ.

(МАСОВНО СПОДЕЛУВАЈ И ШИРИ)DON'T YOU NORTH ME, I AM MACEDONIAN! – бараме прифаќање на македонската платформа!Во…

Gepostet von Млади за Македонија – Mladi za Makedonija am Freitag, 26. Juni 2020