11 Октомври – Ден на востанието на Македонија

Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ — вториот партизански одред во Македонија, по Скопскиот. Основан е на 11 октомври 1941 година во месноста Црвени Стени кај Прилеп од 37-39 борци од Прилеп.

11 октомври Ден на востанието на Македонија

На 11 октомври 16 борци од одредот, поделени во три групи, вршат напад во Прилеп. При нападот врз бугарската полициска станица го убиваат стражарот. Во затворот се наоѓале политички затвореници и македонски патриоти. Следниот ден, бугарската полиција уапсила 700 прилепчани, меѓу кои и неколкумина борци од одредот.

11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

  • Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
  • Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
  • Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Во акцијата на првата група бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп. Потоа, Аспарух Јосифовски фрлил бомба врз стражарницата. Меѓутоа, надвор се нашол уште еден војник и отворил оган врз групата и со тоа овозможил стражарите да се извлечат. Потоа настанала вооружена престрелка, а групата успеала да се извлече по речното корито. Помеѓу партизаните немало загинати.

Втората група нападот го започнала точно во 22 часот. Во предвиденото време незабележана групата се доближила до затворот и во моментот кога ја слушнала престрелката пред полициската станица по фрлената бомба јуришала на затворот. Од затворот било возвратено со оган. Откако било констатирано дека не може да се влезе во затворот за да се ослободат затворениците биле фрлени бомби со што било овозможено без губитоци групата да се повлече по тесните улици.

Третата група со спојување на телефрафските и електричните жици успешно го прекинува телефонскиот сообраќај за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот.

По изведените акции сите три групи се повлекуваат без губитоци на зборното место наречено Средоточна вода во текот на ноќта додека во градот сe уште се слушаат истрели од огнено оружје.